Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими вечерва на ТВ21 рече дека екипите на ЕВН нормално си ја продолжуваат работата и дека немаат никакви проблеми и закани од граѓаните на оваа општина.
Тој побара од ЕВН да им го олесни плаќањето на сметките на граѓаните на Арачиново.
Ибрахими инаку го појасни и енормното зголемување на потрошувачката на струја од оваа општина.
Според него, тоа се должи на функционирањето на пумпите за вода, додека минатата година во Арачиново немало ниту една капка вода.
„Екипите на ЕВН нормално продолжуваат со работа. Надминати се проблемите што ги имавме. Во однос на управувањето со електричната енергија и заштедата, во нашата општина, поради енормното зголемување на потрошувачката на електрична енергија, тоа е затоа што Арачиново почна да се снабдува со вода, откако пред една година немаше ниту една капка вода“ – изјави Ибрахими.