-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Од стечаен работник до лото-милионерка: Која е жената од Кичево што доби седумка?

ТОП ВЕСТИ

Со голема радост споделуваме дека во овие моменти сме домаќини на добитничката на најновата 7-ка на ЛОТО 7, којашто беше постигната во 95 коло, со вредност од 32 921 304, комбинација уплатена во продажното место „Детелинка“ – Кичево.


Доста Андоноска од Кичево, којашто блиските и пријателите ја нарекуваат Доли е прекрасна енергична жена, стечаен работник од „Кичево Пром“, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба.


Нашата добитничка дојде во просториите на Државна лотарија со електронската потврда од уплатата на нејзините среќни броеви. Добивката е потврдена, Доста е нашата 27-ма лото милионерка.

Потоа е остварена средба и со генералниот директор на Државна лотарија во срдечен разговор, при што дознавме дека таа игра повеќе од 45 години, и неуморно верува во среќата.

Последните години ги игра истите 4 комбинации, а еднинствено ја менува 5-тата, токму таа којашто ѝ ја донесе 7-ката.

Во следни текстови ќе пренесеме повеќе од разговорт со неа, засега со радост ви откриваме дека таа најмногу се гордее со своето семејство и се радува што сега нејзината верба во среќата ќе им помогне во остварување на желбите и плановите во понатамошниот живот.

На сите им порачува дека за да добиете, мора да сте полни со верба во среќата и со чувство дека ќе добиете.

Таа чувствувала дека еден ден ќе добие 7-ка и низ годините учествувала во сите различни видови лото игри. Ете, нејзината верба се обистини токму со ЛОТО 7 на Државна лотарија. Возбудени и среќни, честитаме на нашиот нов член во семејството на лото милионерите.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО