-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Мицкоски: Точно знаеме кои се криминалците од Арачиново, по смената на власта ќе одговараат

ТОП ВЕСТИ

Точно знаеме кои се криминалците од Арачиниво кои пред неколку дена нападнаа и избркаа полицајци кои си ги извршуваа работните активности и ќе оставиме на институциите да си ја завршат својата работа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски , запрашан за коментар по вчерашната констатација на Министерството за внартешни работи, дека полицајците не биле нападнати туку дека тие не си ја извршиле работната задача, по што против нив ќе бидат покренати дисциплински постапки.


Мицкоски посочи дека уште од првиот ден после промената на власта и преземањето на раководењето на институциите, вклучително и на МВР, од страна на ВМРО-ДПМНЕ, овие лица и нарко банди кои сите ги знааат, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат.


„Ќе оставиме институциите да си ја завршат својата работа, а првиот ден кога ние ќе ги превземеме институциите ќе видите точно за кои луѓе станува збор и тие луѓе ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Еве, јас ви ветувам, држетеме за збор. Точно знаеме кој се луѓето, кои возила ги возат, како изгледаат, со што се занимаваат, каде се движат и што прават. Првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе институциите и ќе го превземе Министерството за внатрешни работи, еве ви ветувам дека тие луѓе, лично, пред вас ќе бидат изведени и пред лицето на правдата“,

Мицкоски одговараше на прашања за време на денешната акција насловена „Отворен ден на општините – Твојата идеја за промени“, каде што граѓаните предлагаат идеи за реализација на проекти кои ќе бидат вклучени во општинските буџети за следната година.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО