Вечерва Охрид дише загаден воздух, односно измерени се 304 mg/m3, што значи 6 пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво (50мг/м3).
Нешто помалку загадени се и Кичево со измерени 200 mg/m3, Битола со 192 mg/m3 и Прилеп со 125mg/m3.
Инаку, ПМ10 и ПМ2.5 честичките се сметаат за многу штетни за човечкиот организам.