2.8 C
Skopje
четврток, април 6, 2023

Спасовски: Лажните дојави за бомби се терористички акт кои треба да бидат најостро казнети

ТОП ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето за дојавите за поставени бомби во неколку училишта во Скопје, на Канал 5 потенцираше дека тоа се хибридни напади кои знаат да бидат поопасни од конвенционалните, а целта е да предизвикуваат несигурност кај граѓаните, страв, паника, нестабилност во институциите.


„Пораките се со заканувачка содржина, дека во тоа и тоа училиште се поставени експлозивни направи. Се трошат и ресурсите на министерството. Најважно е што се предизвикува вознемиреност. Извршени се сите проверки, повторно станува збор за лажни дојави. Истрагата во овој дел е сосема при крај. Се очекуваат потврди на одредени факти и тоа се многу важни детали. Имаме лица кои се осомничени и веднаш со потврдувањето на фактите ќе се дадат насоки од обвинителството. Ова е терористички акт. Која и да е причината која што внесува таков раздор и несигурност кај граѓаните, треба да биде најостро казнета“, потенцираше Спасовски.


Министерот Спасовски дополни дека ние не сме изолиран случај, туку повеќе држави се цел на ваквите напади, кои зачестија после руската агресија врз Украина.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО