Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова денеска го запозна германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој со неговиот македонски домаќин, Стево Пендаровски ја посетија Старата скопска чаршија.
Тие си разменија и тегли со мед.
Муратова му подари тегла од својот мед, а гостинот пак и возврати на идентичен начин и со идентичен подарок – тегла мед од негово производство.