-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

СДСМ: 2023 ќе биде година за економска пресвртница, на нова надеж

ТОП ВЕСТИ

Од СДСМ велат дека економскиот пресврт наредната година е реална, остварлива цел, што ја потврдуваат сите економски показатели.


Според нив, проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто.


„Тоа е многу повеќе од проекцијата на ЕБОР за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Според проекцијата на Народната банка оваа година ќе ја завршиме со раст од над 2 проценти

СДСМ во првите десет месеци од годината цврсто се борше против кризата, а наредната година, со новиот Буџет започнува пресвртница, нова офанзива, со која кризата конечно ќе биде победена, ќе почне економски раст и зголемување на животниот стандард.

Пресвтницата ќе ја обезбедиме со многу труд, со политики за привлекување нови странски инвестиции кои носат добро платени работни места, со енергетска транзиција и визија да станеме зелен европски центар во Европа.

Наредната 2023 година ќе биде година на нова надеж, година за економска пресвртница“, велат од СДСМ.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО