Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.
ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако не бил дипломиран на Универзитетот, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа.
-Од документацијата со која располагаме можеме да заклучиме дека кандидатот студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не ни се совпаѓа потребното време од стекнувањето на триста кредити до можноста да се полага правосуден испит, меѓутоа не можеме тоа да го потврдиме, бидејќи документите во Министерство за правда не се чуваат, затоа што се работи за предмет со постари датуми и не постојат мерки од наша страна што можеме да ги преземеме. Единствено што можеме да потврдиме е дека лицето Барлет Џафери ги исполнил условите за на Академија оти имал положено правосуден испит, но како се стекнал со правото за правосуден испит не, истакна Билјана Ивановска.
Согласно информациите од Академијата истакнале дека кандидатот поднел пријава по која ги приложил сите документи од јавниот оглас.
Членовите беа согласни дека одговорноста е кај Универзитетите и тој што ги прима документите, но дека моментално можат единствено да предложат елктронско чување на документите во Министерството и проверка од инспекторите, бидејќи ризици од вакви злоупотреби се уште постојат.
-Министерот зошто ги става токму овие документи за една година да се поништат, немаме од кого да земеме одговороност, одговорност од лица кои веќе не се одговорни не можеме да бараме, но факт е дека нас не интерсаира сегашната состојба бидејќи сега имаме закон за рамката тогаш немало, појасни Ивановска.
Оцени дека најдобра опција е да се предложи електронско досие.
-Дали да предложиме да ги објавуваат да ги чуваат електронски во оваа ера на дигиталзиација да се стават на едно електронско досие на Министерството и така е најдобро и ќе го предложиме, рече Ивановска. Бидејќи веќеќе имаме дефинитрано точно колку поени дефинираат каков степен, меѓутоа остана предлог да видиме дали се почитува да побараме до МОН, односно до државниот просветен инспекторат да провери дали оваа состојба е надмината или не, бидејќи следниот предмет што ќе го имам повторно го допира прашањето на давањето можност предвреме да се полага правосудниот испит, појасни Ивановска.
На седницата беа разгледани и други конкретни предмети и беа отворени прашања и предлози, меѓу кои и антикорупциска проверка на законот за катастар на недвижности од аспект на состав на органите на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на РМ, поради можен судир на интереси во самата структриа на органите.