Поранешната директорка на Клиниката за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова изјави дека заедно со колегите од Одделот за неонатална и педијатриска интензивна нега, чиј што шеф е таа, успеале да издејствуваат зголемување на коефициентот за исплата на дежурства, поради специфичноста на интервенциите кои можеле да ги изведуваат само тие педијатри.
Д-р Софијанова вели дека не била еден месец на пат во Словенија, туку на доусовршување, и се обврзала пред Управниот одбор дека за тоа време ќе продолжи да ги извршува своите обврски на клиниката.
Сметам дека како прво сум лекар и како лекар треба највеќе да им се најдам на децата, порача поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова, во вечерашната Топ Тема на Телма, запрашана за оставката.
Тврди дека над 35-те години работа на детската клиника ѝ претставуваат чест и задоволство, затоа што позади неа има многу успешни приказни.
Вели дека таа нема никаква врска со доделувањето на дежурства и со правењето на распореди. Тоа го прави главната сестра на Одделот за неонатална и педијатриска интензивна нега и после тоа се внесува во благајничкиот систем.