РКЕ – Регулаторната комисија за енергетика во текот на денот се очекува да донесе одлука за нова цена на горивата.
Според последните движења на берзите, моменталната цена на нафтата е 87 долари за еден барел, што е значајно намалување по последните корекции.
Нафтата WTI круд е 80 долари за барел, при ослабнат долар, што според анализите може да значи и поголемо намалување на цените на бензинот и дизелот во малопродажбата, но останува да видиме какви цени ќе донесе РКЕ денеска.
Овие цени се очекува да важат веќе од 22 ноември.