На 19.11.2022 во 20.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода С.Р.(22) од кавадаречко село.
Тој се сомничи дека во селото се обидел да изврши обљуба врз 72-годишна жена.
Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.