-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

САД со критики за изборот на Абази во обвинителство – Груби бара ветинг

ТОП ВЕСТИ

Неопходно е да се спроведе ветинг во обвинителството, судството и политиката, изјави првиот вицепремиер, Артан Груби, откако американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер рече дека САД се збунети од изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупцијата.


Шефот на дипломатијата, пак, Бујар Османи рече дека не може да ја коментира изјавата на амбасадорката Агелер, затоа што Обвинителството и Владата се посебни власти.


Обвинителот Абази демантираше дека има блиски релации со членови на ДУИ, иако на социјалните мрежи беа објавени неколку негови фотографии со функционери од редовите на интегративците.

„Внимателно ја слушав изјавата и мојот коментар е дека треба да има ветинг на сите нивоа на обвинителството, судството и политиката. Немам што да се согласувам или да не се согласувам со изјавите, но ви велам дека политиката на ДУИ беше, односно е да има ветинг на сите нивоа, почнувајќи од политичарите, па потоа продолжувајќи со судиите и обвинителите“, вели Артан Груби.

„Не можам да навлегувам во прашања на Обвинителството, тоа се две посебни власти. Имаше изборен процес. Како член на Влада не можам да коментирам прашања кои се однесуваат на Обвинителството. Важно е да се види дали е запазен законот кој е усвоен заедно со ЕУ“, додава Бујар Османи.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО