-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Тројца од повредените во сообраќајката кај Мартолци задржани во велешката болница

ТОП ВЕСТИ

Од петмината повредени помеѓу двете возила што синоќа се случи кај селото Мартолци, тројца се задржани на болничко лекување во велешката Општа болница, а еден од повредените по прегледот е пуштен на домашно лекување. Сите тројца повредени се со лесни повреди без скршеници, но сепак се задржани на лекување во велешката Болница, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница.


Таа појасни дека сите повредени биле снимани на компјутер и рендген. Еден од повредените има лесни повреди на глава и граден кош, а останатите двајца се со лесни повреди на глава и посекотини.


Според информацијата од СВР Велес сообраќајната несреќа меѓу двете возила кај село Мартолци била пријавена синоќа во 19:15 часот во СВР Велес.

Во сообраќајката имаше петмина повредени, возачите на двете возила и тројца сопатници од возилото „пежо“. Сообраќајката била помеѓу „матиз“ со охридски регистрески таблички управувана од 29-годишниот Н.К од Општина Чашка и „пежо“ управувано од Н.Д од село Богомила, информира портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Од СВР Велес како што рече Самарџиев, увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Велес.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО