-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Џеваир остана без струја – на 40 спрат се качуваат без лифт

ТОП ВЕСТИ

Првата и втората кула на „Џевахир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода, пишува PRESS24.mk


Станарите се оставени без лифт и на погорните катови се принудени да се качуваат пеш. Според информации на Прес24, ова е вторпат кулите да останат без колективната електрична енергија. Пред околу еден месец струјата била исклучена како предупредување поради неплатени сметки.


Станари за Прес24 велат дека уредно ги платиле сметките, но дека проблемот е фирмата управител на висококатниците.

Дека фирмата „Се клуб фалисити менаџмент“ ѝ должи многу пари на ЕВН потврдува и самата компанија.

-Поради вкупен долг од 6 милиони денари, четири мерни места за заедничка потрошувачка во кулите на Џевахир се исклучени, потврдуваат од ЕВН за Прес24.

Освен струја, станарите немаат ниту вода бидејќи вентилите биле затворени.

Се обидовме да добиеме одговори од фирмата управител, но засега не можеме да стапиме во конктакт. Таков проблем имаат и самите станари бидејќи велат дека подолг период никој не им одговара на повиците, а кога од компанијата ќе им кренеле слушалка изговорот бил дека не знаат за зборуваат македонски јазик.

Проблемот е што струјата која се користи за осветлување во влезовите, но и надвор од зградите, за лифтови, рампи за гаража, базен, теретана, топла вода и загревање е на едно броило. Во становите има електрична енергија бидејќи за тоа станарите плаќаат посебни сметки на ЕВН.

Управителот за тоа им издава сметки на станарите според квадратурата на станот, но и според потрошена енергија. Со тие пари управителот потоа е должен сметките да ѝ ги плати на ЕВН.

Извор: Press24.mk

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО