-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ТАЧЕ го ПОПАРИ партиската шефица од ЕУ, нема гаранции од ново бугарско вето

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
57


Премиерот Димитар Ковачевски Таче вчера имаше тежок ден. Неговата партиска шефица од Брисел, Гарсија Перез му порача дека „џабе везе“ со Бугари во Устав, зашто Бугарија може и после тоа пак да стави ново вето со нови барања.

„Нема гаранции кои ќе ја заштитат Македонија од бугарско вето на европскиот пат и покрај уставните измени“ – ваква порака од Скопје испрати Ираче Гарсија Перез лидерка на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европраламентот, чиј член е тачевата СДСМ.

Перез која дојде во Македонија да даде поддршка за преговорите со ЕУ, им порача на македонските политичари дека не е време за партиски игри и дека уставните измени се од национален интерес. Со други зборови, Перез која доаѓа од бриселската комуна ни порача, бидете глупи, ставете Бугари во Устав, а после тоа ќе ставите и друго, па и трето, се додека не исчезенете како држава.

– Не можам да дадам гаранција за она што бугарската влада ќе го стави на агендата. Не можам да гарантирам за тоа, но можам да гарантирам дека како група ќе работиме во Европскиот Парламент да ги консолидираме овие важни преговори. Важно е да се сфати дека кога зборувате за уставните измени тоа е суверена одлука, избор за граѓаните и за собранието на Македонија. – рече Ираче Гарсија Перез европратеник.

А премиерот Ковачевски и денеска атакуваше врз опозицијата. Со иста порака вината за идно стопирање на европскиот пат и неизгласани уставни измени кажа дека ја гледа во Левица, која според него го држи во заложништво целото ВМРО-ДПМНЕ.

Глупавата теза дека Русија стои зад акцијата да нема Бугари во Устав е врв на шизофрението на зајковизмот во земјава.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО