-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Ковачевски: Следната година ќе биде подобра, со целото мое економско знаење ќе го осигурам тоа

ТОП ВЕСТИ

Само 10 месеци ја извршувам оваа одговорна работата, и сакам и верувам дека следната година ќе биде подобра за сите нас. Ја носам сета моја економска, финансиска, менаџерска и претприемачка експертиза за да  осигурам тоа да се оствари, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Гостивар.


-Покажав и како може да се зголеми минималната плата на 18.000 денари. Како може да растат платите и во образованието за 15%, во здравството во одбраната и полицијата за 5%, во детската и социјална заштита за 21%.  Дека е можно во време на криза да имаме рекорден раст на пензиите 16% отсто за една година, раст на гарантираната минимална помош и стипендиите за студентите.  Покажавме како може да се исплатат сите заостанати субвенции за земјоделците и да се воведат нови мерки за поддршка.  Покажавме дека можеме да ја спасиме македонската економија и да ја направиме уште поконкурентна за нови инвестиции, за отворање на нови и добро платени работни места.  Покажавме дека со вистински политики може да го придвижиме целиот регион, да ја подобриме соработката со нашите соседи во интерес на сите граѓани, рече Ковачевски.


Ковачевски додаде дека работата се уште не е завршена но дека има сила, одлучност, волја и енергија за повеќе промени и подобро утре.

Дали нашата работа е завршена? Не, не е. Дали сите луѓе во Македонија живеат добро? Не се уште. Но, имаме ли сила, одлучност, волја, енергија, решение да продолжиме да одиме напред со повеќе промени? Одговорот е да, и да, и да, и да!, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО