Поглед:
2
Според албанскиот премиер, Еди Рама, фатално ќе биде ако не се смени Уставот за почеток на преговори со Европската Унија(ЕУ). А тој не си гледа неговиот албански шовинизам, кој е исплукан од цел свет.
Тој се заканува и вели дека ќе биде лошо ако по толку работа, Македонија се врати во изолација.
„Судбината беше да се здружат Македонија и Албанија во болка во долг период. За вас беше многу потешко, но и за нас не беше лесен пат. Измените во случајов за вашата земја мислам дека само слабоста, кратковидоста може да ја вратат за да имаме недоразбирање и да се создадат повторно проблеми“, изјави Рама.
Оваа суптилна закана до нас Македонците, Рама ја кажа во Скопје, на среде македонска Влада, пред очи и уши на Таче, а тој ниту гледа ниту слуша.
За македонскиот траги комичен премиер Димитар Ковачевски Таче, целта е земјата да стане полноправна членка на ЕУ. Бара сите пратеници да се однесуваат одговорно за иднината на следните генерации и покрај тоа што од Брисел му најавија ново бугарско вето со нови услови.
Македонската опозиција е против внесување на Бугарите во Уставот. Бугарија инсистира на внесување на Бугарите во Уставот, за да може да прави нови уцени врз Македонија.
Дел од македонските политичари споменаа дека е потребен реципроцитет, односно и Македонците да ги внесат во бугарскиот Устав, што е ноторна глупост кога збориме за граѓански Устав како бугарскиот.