Поглед:
25
Лидерот на партијата МКонцепт, Петар Богојески реагира на фактот што во земјава не се почитуваат стандардите на ЕУ, а власта е со полна уста за европската определба.
Богојески како пример за тоа го нагласува спроведувањето на нелегитимниот закон за употреба на јазиците, кој не беше одобрен од Венецијанската комисија, а сепак насилно вметнат во правниот промет во земјава.
„Секој ден од владеењето на оваа Влада, Македонија е се подалеку од ЕУ!“ – смета Богојески.
Власта, спротивно од сите препораки на ЕУ, насила внесува двојазичност во Полицијата, дирекно ја загрозува функционалноста на институциите, а кратко ќе биде времето кога младите Македонци и Албанци нема да се разбираат помеѓу себе, со оглед на налегитимното суспендирање на македонскиот јазик од официјална употреба во Македонија.
„Во Тетово, македонскиот јазик е ВОН употреба!“ – изјавува Богојески. Таму нема ниту достоинствени простории за гимназија на македонски јазик. Артан Груби имаше обид целосно да ја затвори македонската гимназија и да предизвика етнички егзодус на младите Македонци од тој град.
Македонски концепт излегува со јасен став по овие прашања:
„Се додека не се имплементираат забелешките на Венецијанската комисија во Законот за употреба на јазиците и се додека не се почитуваат стандардите на ЕУ во областа, за МКонцепт сите активности на оваа власт се нелегитимни и незаконски и истите ќе бидат поништени!“ – изјавуваат од партијата.