-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Ковачевски и СДС втора во Европа по стапката на мизерија

ТОП ВЕСТИ

Од ВМРо-ДПМНЕ велат дека Македонија со Ковачевски и СДС втора во Европа по стапката на мизерија, народот не може да ги купи ниту основните производи.


Во испратеното партиско соопштение додаваат:


Македонија е втора (трета ако се вклучи Турција) на врвот на листата во Европа според Индексот на мизерија. Овој индекс којшто е комбинација на годишната стапка на инфлација и стапката на невработеност.

Индексот на мизерија покажува дека стапката на страдање во Македонија е огромна. А тоа се гледа и по фактот дека две минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошничка.

Инфлацијата е 20%, а порастот на цените кај храната и пијалоците е за над 30% за една година. Реалните покачување се и многу поголеми зошто цените на најосновните продукти се зголемени и за 100%.

Тоа што граѓаните го купувале пред 2 години за 500 денари, сега не можат да го купат ниту со 1.000 денари.

Мизеријата која е последици на лошите економски политики на СДС, предизвикана од инфлацијата која самата влада не ја спречи, и високата невработеност го јаде стандардот. Се поголем број на луѓе страдаат.

Оваа влада нема капацитет да ја извади Македонија од хаосот во кој ја втурна. Затоа потребни се избори и промени на оваа антимакедонска влада.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО