Пратеникот Љупчо Пренџов свика итна Седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред “Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство”.
Комисијата ќе се одржи во среда 16.11.2022 и на истата е повикан директорот Виктор Димовски.
„Или со други зборови, директорот Димовски да ни објасни како е можно секој втор белосветски хохштаплер и криминалец да има македонски пасош и државјанство“, пишива Пренџов на Фејсбук.