На 12.11.2022 во 16.40 часот на подрачје на Ѓорче Петров од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ф.С.(28) од с.Желино, тетовско затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.11.2022 во 15.00 часот во с.Јеловјане, тетовско од полициски службеници од СВР Тетово лишен од слобода е А.А.(25) од с.Јеловјане затоа што по извршениот претрес по издадена судска наредба во неговиот дом е пронајдена марихуана, пушка „Фабарам“ модел Лион Х368 кал. 12 ГАХ3 и 32 патрони кал. 12 м.м и др. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.