6.8 C
Skopje
четврток, април 6, 2023

Ќе дојде денот кога сите ќе бидеме Ванчо Михајловисти, напиша на Фејсбук претседателот на бугарскиот клуб во Битола

ТОП ВЕСТИ

Љупчо Горгиевски на друштвената мрежа Фејсбук вечерва напиша: Ќе дојде денот кога сите ќе бидеме Ванчо Михајловисти.



Темата со Ванчо Михајлов повторно се актуелизираше синоќа по интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Канал 5 ТВ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека неговата партија нема потреба да се оградува од Ванчо Михајлов, озлогласениот десничарски лидер на ВМРО во Втората светска војна и соработник на фашистите, оти тој е дел од еден континуитет на организацијата кој треба да се почитува. Во интервјуто во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, на прашањето дали како партија чувствуваат потреба да се оградат од Ванчо Михајлов и од неговото наследство, Мицкоски рече:

„Не, па јас не мора да се сложувам со тоа што во одреден временски период го правеле претходниците во историска смисла на зборот кога раководеле со организацијата, па со денеска современото ВМРО-ДПМНЕ, за неколку децении можеби некој од нас ќе се оградува. Тоа не значи дека ние сме се сложувале со тие политики, но тоа е еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено и тој континуитет треба да се почитува, ние сме партија за македонско национално единство, не мора да се сложуваме со политиките на претходниците и затоа велам да се задржиме на денешницата и да гледаме кон иднината“.

На прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ бара да се затвори бугарскиот клуб со име „Цар Борис Трети“ во Охрид, а не и оној со име „Ванчо Михајлов“ во Битола, Мицкоски рече:

„Ванчо Михајлов бил предводник на организација во еден историски период, цар Борис бил предводник на една држава којашто соработувала со нацистите за време на Втора светска војна и наредила да бидат испратени повеќе од 7.200 во тоа време македонски граѓани со еврејско потекло во концентрациониот логор Треблинка. Има разлика од едниот до другиот. Ние може да зборуваме за многу контраверзи поврзани за Иван Михаилов, или Ванчо Михајлов како вие што го кажувате, и можеме да зборуваме и за неговата биографија, којашто е да, контраверзна, и која што лично јас не се сложувам со начинот на кој тој делувал во определен период кога тој делувал. Но, мислам дека треба да се задржиме на денешницата, а денешницата е дека имаме клуб којшто провоцира, не обединува, којшто носи име на човек којшто во македонската историја нема добра улога, а тоа царот Борис Трети којшто бил соработник на нацистите во Втората светска војна, и којшто од Македонија испратил над 7.200 Евреи во концентрациони логори и владата треба да го затвори тој клуб“.

На 14 октомври, Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола ги дискриминира и вознемирува борците од антифашистичката Народноослободителна борба (НОБ), македонскиот народ и етничките заедници. Комисијата донесе вакво мислење по претставката за заштита од дискриминација од Сојузот на борци од НОБ против здружението „Ванчо Михајлов“.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО