Поглед:
13
Според партијата „Македонски Концепт“ воведувањето на таканаречениот „лидерски дијалог” претставува опасен преседан и обид за воспоставување на параинституции што функционираат надвор од утврдениот државен систем и поредок.
„Дијалогот на партиите и политичките дискусии треба да бидат во рамки на Собранието и парламентарните механизми, а истото се однесува и на партиите кои немаат свои претставници во законодавниот дом.
Согласно позитивните законски прописи, во исклучителни ситуации, евентуално делумна улога на медијатор може да има Претседателот на државата.
Параинституциите како што е „лидерскиот дијалог“, кој е во тек, се незаконски, нетранспарентни и можат единствено да служат за уцени, ценкања и договарања на штета на народот. Ги повикуваме граѓаните да увидат дека сето ова се случува зад затворени врати, а договореното како и секогаш ќе заврши по нашиот грб“, порачаа од партијата на Петар Богојески.