Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „24 анализа“ во врска со згрешените знамиња кога во министерството доаѓаат странски гости, откри дека по последниот скандал, кога словенечката министерка за надворешни работи беше пречекана со словачко знаме, шефот на протокол во МНР поднел оставка, а Османи му ја прифатил.
– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда, се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година. – рече Османи.