-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Еве колку ДВОЈНИЦИ има ПУТИН…

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
7


Шефот на украинската разузнавачка служба, Кирило Буданов, за британски Дејли Мејл изјави дека рускиот претседател Владимир Путин користи двојници кои биле подложени на пластична операција.

Буданов во интервју за „Дејли мејл“ рече дека украинската влада е многу збунета од постојаните воени грешки на Русија за време на инвазијата и затоа многу луѓе се прашуваат дали Путин сè уште ги носи клучните одлуки.

– Без разлика колку е лош, Путин не беше идиот. Рускиот план не следи никаква логика. Големото прашање е дали вистинскиот Путин сè уште постои – изјави шефот на украинското разузнавање со тврдењето дека неговите луѓе откриле двојници кои се користеле како за замена на Путин во посебни прилики.

Буданов, кој е и генерал, вели дека употребата на двојници сега е вообичаена практика, пренесува хрватски „Индекс“.

– Конкретно знаеме за три лица кои постојано се појавуваат, но не знаеме точно колку ги има. Сите имале пластична операција за да изгледаат исто. Она што ги подарува е нивната висина, а тоа може да се види од сликите и видеата. Исто така, можете да ги видите разликите во гестовите, говорот на телото и ушите бидејќи тие се единствени за секој човек – вели разузнавачот.

Буданов смета дека промените се неизбежни во Москва и дека смената на Путин е во интерес на „целиот цивилизиран свет“. Руските државни медиуми го поврзуваат Буданов со тајни операции на Крим, бидејќи тој е поранешен оперативец на специјалните сили, кој подоцна беше назначен за шеф на военото разузнавање.

– Русите официјално ме нарекуваат непријател број еден – изјави тој за „Дејли Мејл“.

Буданов и претходно изјави дека Путин користи двојки. Во летото, тој изјави за „Њузвик“ дека Путин користел двојници за време на јавните настапи за да ги скрие здравствените проблеми.

– Сликата на ушите е поинаква – ја коментираше тогаш Буданов фотографијата од средбата меѓу Путин и турскиот претседател Ердоган.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО