5.8 C
Skopje
вторник, април 4, 2023

71% од младите во Македонија до 29 години живеат со своите родители

ТОП ВЕСТИ

На истражувањето на „Евростат“ за бројот на млади жители меѓу 25 и 29 години кои живеат со родителите доминира Балканот.


Македонија се наоѓа на шестата позиција зад Албанија, Грција, Србија, Црна Гора и Хрватска.

Најмногу од младите, односно дуи 79,9 отсто, на оваа возраст живеат со своите родители во Хрватска, додека на втората позиција се наоѓа Црна Гора со 78,7 проценти од младите жители.

На третата позиција на листата на „Евростат“ се наоѓа Србија со 76,4 отсто, по што следат Грција со 72,9 и Албанија со 72,8 проценти во топ-5 на листата.

На шестата позиција се наоѓа Македонија со 71 отсто од младите меѓу 25 и 29 години кои живеат со своите родители, а помал број од младите кои го делат својот дом со родителите се Италија со 69,8, Косово со 68,6, Португалија со 68,1 и Словачка со 67,4 проценти.

Како што може да се забележи, балканските земји доминираат на листата на „Евростат“, а на тоа влијаат повеќе фактори, меѓу кои и финансиската моќ која ја имаат жителите.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО