На 19.11.2022 во 01.50 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека пред угостителски објект на бул.„Партизански одреди“ со повреди од остар предмет бил пронајден А.Д.(36) од Скопје.
По преземени мерки било утврдено дека тој бил нападнат во угостителскиот објект од М.Н., по меѓусебна физичка пресметка пред објектот.
А.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.