-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

16 илјади денари плус – функционерите добија повисоки плати!

ТОП ВЕСТИ

Функционерите си добија повисоки плати, а први од нив добија пратениците.


Оваа одлука следува по одлуката на Уставниот суд за укинување на двата члена од Законот кој ги регулира примањата на именуваните функционери, но истата не е на целиот износ, туку зголемувањето е пресметано за осум дена, колку што поминале од 21 март кога судиите оценија дека се работи за неуставни одредби.

Грубата пресметка покажува дека на сметките им „легнале“ околу 16 илјади денари. Имено, неофицијални информации велат дека народните избраници бараат процентот од 78 да се вкалкулира ретроградно и да ја опфати целата мартовска плата, а со тоа и буџетот ќе биде дополнително оптоварен, бидејќи и покрај најавите, нема конкретна мерка од страна на Владата за корекција на коефициентите, јавува порталот pari.com.mk.

Како што објавува поралот, вчера на седница се проговорило на оваа тема, но одлука не е донесена. Наводно, тоа ќе се случи на наредното заседавање на владиниот состав.

Имено, според членот 10 од Законот, „платата на функционер и на раководен работник се утврдува на начин што основицата за пресметување на плата се множи со утврдениот коефициент и се зголемува за процентот за работното искуство. Работното искуство се вреднува така што платата во месечен износ се зголемува процентот утврден за работното искуство од 0,5% за секоја започната година работен стаж, а најмногу до 20%“.

Во членот 11 се предвидува – „основица за пресметување на платата е просечната исплатена месечна плата по вработен во Републиката за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика“, но не прецизира дали се работи за бруто или нето. Сепак, познавачите на состојбите велат дека пресметките се прават на бруто износи, што во случајов е 47.637 денари.

Целата анализа ТУКА!

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО