3.8 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2024

Ројтерс: Бајден ја укина забраната за Украина да користи американско оружје за напади во Русија

ТОП ВЕСТИ


Поглед: 46


Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување Џо Бајден ги укина ограничувањата кои ја блокираа Украина да го користи оружјето кои го добива од Вашингтон за напади длабоко во Руска територија, кажале три извори запознаени со ова прашање, а пренесува Ројтерс.

Британската агенција наведува дека тоа е значајна промена на американската политика во конфликтот на Украина и Русија.

Украина планира да ги изврши првите напади со оружје со долг дострел во следните денови, кажале изворите, не откривајќи детали поради оперативно безбедносна загриженост.

Белата куќа одбила да коментира.

Овој потег на Бајден доаѓа нешто повеќе од два месеци пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да стапи на должноста на 20 јануари, а следи по повеќемесечните молби на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ѝ се дозволи на украинската војска да користи американско оружје за гаѓање руски воени цели далеку од својата граница.

Првите напади веројатно ќе бидат извршени со ракети АТАКМС, кои имаат дострел до 306 километри, наведуваат изворите на Ројтерс.

Агенцијата наведува дека додека некои американски функционери изразиле скептицизам дека дозволувањето напади длабоко во руска територија ќе го сменат текот на војната, оваа одлука би можела да му помогне на Киев во момент кога руските сили напредуваат, и Киев евентуално да има подобра преговарачка позиција ако дојде до преговори за прекин на огнот.

Не е јасно дали Трамп ќе ја поништи одлуката на Бајден кога ќе ја преземе должноста.

Русија повеќе пати предупреди дека потегот за ублажување на ограничувањата за употреба на американското оружје ќе го гледа како голема ескалација.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО