19.8 C
Skopje
четврток, мај 9, 2024

На КОГО му одговара БОЈКОТОТ на претседателските избори?

ТОП ВЕСТИ





Поглед:
6


Граѓаните на Северна Македонија утре бираат нов претседател кој ќе ја води државата во наредните пет години. Од седум часот кога се очекува отворање на избирачките места, тие пред себе ќе имаат два избора, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, но во исто време ќе се оддржат и парламентарните избори.


Парламентарните избори се закажани на ист ден со претседателските и поради постигнување на цензусот од 40 отсто што е услов за избор на претседател.



Победник е оној кој добил барем еден глас повеќе, но услов е на гласање да излегле минимум 40 проценти од граѓаните со право на глас, запишани во единствениот избирачки список. Доколку овој услов не биде исполнет, целата постапка за избор на претседател се повторува.





Членот 81 од Уставот предвидува и што треба се случи доколку цензусот не биде постигнат. Но овој дел не е докрај јасен.


„Доколку и во вториот круг од гласањето ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка“, стои во членот 81.

Но, уставотворците не предвиделе рок до кога мора да се распишат новите претседателски избори ако не се исполни цензусот, а предвиделе дека во случај на спреченост, функцијата претседател ја врши претседателот на Собранието (член 82).

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО