19.8 C
Skopje
четврток, мај 9, 2024

СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА АРТАН ГРУБИ! БОЈКОТ на претседателските избори

ТОП ВЕСТИ





Поглед:
372


Денеска вицепремиерот Артан Груби кој истовремено е и шеф на кабинетот на Али Ахмети, потврди дека го направил спротивното од тоа што Ахмети го кажа на почеток на кампањата.


Бојкотот не е потребната алатка во демократијата и воопшто не се дискутира прашањето за бојкот, вака претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети одговори на новинарско прашање на прес конференцијата на која го промовираше Бујар Османи како кандидат за претседател, дали ако кандидатот на ДУИ не оди во вториот круг ќе ги бојкотираат изборите.





Но, ова што денеска го прави ДУИ и нејзините експоненти покажува дека Ахмети, демократијата и демократските средства ги толкуваат како што моментално им одговара.



Денеска вицепремиерот Артан Груби кој истовремено е и шеф на кабинетот на Али Ахмети, потврди дека го направил спротивното од тоа што Ахмети го кажа на почеток на кампањата.


Тој на новинарско прашање откако излезе од гласачкото место одговори дека не гласал за претседател на државата.

„Не гласав за претседателските, бидејќи не сакам да легитимирам претседател или претседателка која е против УЧК, против Охридскиот договор, против добрососедството со Косово, со Бугарија, со Грција, против интеграција во ЕУ и уставните измени, против пријателството со САД. Не сакам идниот претседател или претседателка да го има и легитимитетот на гласовите на демократскиот свет тука во Северна Македонија, овозможувајќи избор на еден таков претседател. Затоа го искористив моето демократско право да гласам за парламентарните, но не и за претседателските избори“, рече Груби.

https://www.facebook.com/reel/821006023213139/?ref=embed_video

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО