Поглед:
96
Денес Артан Груби го оствари своето гласачко право „во живо“, односно покажа како треба да гласаат гласачите. Тој јавно ГИ БОЈКОТИРАШЕ претседателските избори, а начинот на кој тоа го направи беше снимен и објавен заедно со негова изјава. Согласно член 160 став 1 од Кривичниот законик тој на овој начин направи повреда на слободата на определување на избирачите. Членот 160 став 1 од Кривичниот законик вели: (1) Тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години. Видно од објавениот видео материјал членовите на избирачкиот одбор не се обидоа да го спречат во својата намера.
Еве што изјави после јавниот БОЈКОТ: Не гласав за претседателските бидејќи не сакам да легитимирам претседател или претседателка која е против УЧК, против Охридскиот договор, против добрососедството со Косово, со Бугарија, со Грција, против интеграција во ЕУ и уставните измени, против пријателството со САД. Не сакам идниот претседател или претседателка да го има и легитимитетот на гласовите на демократскиот свет тука во Cеверна Македонија, овозможувајќи избор на еден таков претседател. Затоа го искористив моето демократско право да гласам за парламентарните но не и за претседателските избори, рече Груби по гласањето.
Се поставува прашањето зошто надлежните органи сеуште НЕ ПОСТАПИЛЕ согласно законот?!