14.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

За 10 пати се зголеми бројот на оние чевли што ги редеа пред Владата!

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
27


Оние чевли коишто ги редеа пред зградата на македонската влада симболизирајќи го иселувањето на македонските граѓани, сопствениците на тие чевли никогаш не дојдоа, ама бројот на тие чевли се зголеми за десет пати кои што ги чекаат сопствениците кои што заминаа од Македонија изминативе шест и половина година, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Дојран.


Додаде дека како професор на факултетот може да каже дека осум од десет негови студенти, веднаш по дипломирањето кога ќе ги прашале каква е вашата иднина, кој е вашиот план, што планирате да правите, сите велеле дека бегат што подалеку од овде.

-И не само затоа што економска е причината, бидејќи како инженери имаат релативно примамлива почетна плата, туку повеќе затоа што чувствуваат фрустрации, бидејќи некои граѓани се привилегирани и се граѓани од прв ред, а тие се чувствуваат граѓани од втор ред. Во некои делови од Македонија законите важат, а во некои делови од Македонија законите не важат, рече Мицкоски.



Според него, претстојат неколку клучни недели кои што значително ќе ја определат иднината на Македонија во кој правец ќе се движи, бидејќи не се само обични избори и нема да биде клише, како што рече „ако кажам дека овие избори, практично се крстосница која насока ќе ја земе Македонија во иднината“.


-Јас сум убеден дека тоа ќе биде правилната насока и од она што го гледам во изминатите дванаесет дена низ Македонија е дека навистина има едно големо будење и обединување на граѓаните околу идејата за промени, подвлече Мицкоски.


Мицкоски истакна дека ако направиме една ретроспектива наназад што се случувало кога владата во Македонија ја предводела СДСМ, тогаш ќе дојдеме до елементарен заклучок дека најмногу губела Македонија како држава, граѓаните бидејќи се осиромашувале, се ограбувале и исто така, не помалку важно, губел македонскиот идентитет, набројувајќи примери од осамостојувањето на Македонија до денес.


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ посочи дека ова го зборува со цел да потсети на важноста на 24 април и на 8 мај, од Дојран, обраќајќи му се на сите граѓани кога ќе ја носат одлуката треба сето ова што се зборува да се има во предвид за да не се повторуваат порази, грабежи, омаловажувања, понижувања и срам кои што секогаш, без исклучок, го носи владата на СДСМ.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО