11.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Власта спрема сценарија за ИЗИГРУВАЊЕ на изборната волја на народот, најефикасен одговор за нивната завера е масовно гласање

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
16


„Иако народот е определен и е јасно дека власта ја чека пораз, сакам да предупредувам дека знаеме со кого си имаме работа. И забрзано овие денови спремаат повеќе сценарија со кои сакаат да ја изиграат волјата на народот и да го ублажат поразот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски од митингот во Гази Баба.


Мицкоски додаде дека Ковачевски веројатно поучен од некои ментори со искуство внатре во партијата, игра една опасна игра.


-И не би предупредувал на ова доколку влогот не беше Македонија, и доколку оваа завера која ја подготвуваат не удира силно по темелите на државата, рече тој.



„Тој на ДУИ им нуди многу повеќе ресори, министерства и претпријатија отколку што самата ДУИ може да замисли. И ова го прави со една единствена цел, моли, коленичи, измеќари заедно со Стево Пендаровски за да добијат поддршка за вториот кург претседателски избори. Но, заборава дека колку и да измеќарат, колку и да бараат поддршка, овој народ овде и народот кој што изминативе 18 дена го гледам низ Македонија како се обединува околу коалицијата „Твоја Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ и идниот претседател Гордана Силјановска Давкова, тогаш сум сигурен дека било какво понижување, било какво измеќарење ќе биде недоволно“, истакна Мицкоски.


„Ваквата завера е дополнета со последни информации кои ги добивам со намерата да уфрлат луѓе за потплата на гласови и да вршат притисоци за гласање, а не исклучувам и колективно гласање и нови рекорди за брзо гласање во некои средини и делови од Македонија какви сме гледале во минатото. Или што би рекол еден политичар кој што набргу ќе биде поранешен – како со сега“, рече Мицкоски.


Мицкоски запраша што е одговорот против оваа завера.

„Освен тоа што верувам дека МВР сериозно ќе си постапи, сакам да кажам дека најефикасниот начин на делување и одговор е да се излезе на гласање. Излезете и гласајте, гласајте масовно уште на претседателските избори затоа што така ќе го победиме секој поткуп и нерегуларности и така ќе спречиме да ја украдат народната волја“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека одговорот се граѓаните кои во овие одлучувачки и историски моменти за Македонија, контролата на државата ја земаат во свои раце. Тоа пенкало на 24-ти април ги дели од тоа дали Македонија ќе продолжи да тоне или ќе се извлече од калта во која се наоѓа.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО