5.8 C
Skopje
петок, април 26, 2024

Ванковска: Изборот е социјализам или ВАРВАРСТВО

ТОП ВЕСТИ





Поглед:
43


Повторно навредлив и нарцисоиден ФБ статус на Билјана Ванковска.



„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство!




И повторно истиот наратив. Навреди и нарцисоидни изјави иако гласачите им испратија јасна порака. Демек, ако неа не ја изберат на македонскиот народ им останува ВАРВАРСТВОТО?! Инаку, професорката ја користи фразата на социјалистичката икона Роза Луксембург. Но бидејќи сите граѓани не се „начитани“ како неа, редно е да им се појасни. Дали Ванковска сака да каже дека кандидатката Гордана Силјановска Давкова е избор на некултура, суровост, дивјаштво бидејќи тоа е значењето на изразот „варварство“?! Или можеби со ваков избор гласачите дале доверба за држава налик на првобитно општество?!




Кандидатката за претседател, Билјана Ванковска по изборниот пораз вели дека не очајува.

„Во класната борба изборите се само еден од механизмите за ослободување на човекот од стегите на корпоративната моќ! Ова е маратон со многу пречки и Голијати (во палати заработени со криминал или уште полошо). Не очајувам бидејќи мојата битка не беше за победа туку за отворање на теми за кои кукавиците не смеат да отворат уста. Јас своето го сторив, говорев Вистина наместо да ве лажам. И тоа засега е единствениот револуционерен чин што можев да го преземам. Но тука се црвените другарки и другари, кои ќе продолжат да го вејат барјакот. Бидејќи, ние народе одлучивме да се бориме! Изборот е социјализам или варварство.Засега мнозинството одлучи како што одлучи, но набргу ќе видите дека се само ново пакување на истата матрица“, напиша таа на фејсбук.

https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10231818618951359?ref=embed_post



Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО