22.8 C
Skopje
недела, април 28, 2024

СЕ ПРОВЕРУВААТ НАВОДИ ЗА БЕСПЛАТНО ПОСТАВУВАЊЕ НА ВОДОМЕРИ ВО ДЕЛЧЕВО КАКО ИЗБОРЕН ПОТКУП

ТОП ВЕСТИ





Поглед:
16


Денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето.



Во двата случаја, напомена обвинителот, ќе се постапува соодветно доколку се утврди дека има елементи за сторени кривични дела.


-Во ОЈО Радовиш денеска е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите на една политичка партија. Дадени се насоки за проверка на наводите и ако постојат елементи за сторено кривично дело, предметот ќе се процесуира. Во текот на вчерашниот ден, пак, во ОЈО Делчево е заведен предмет по барање на МВР. Побарани се наредби за вршење увид во службената документација на ЈП „Комуналец“ за да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во комуналното претрпијатие и доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“, секако дека тој предмет ќе се процесуира понатаму, рече Бајрами.


Тој потенцира дека Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето до крајот на денот ќе ги следи изборите, а исто така внимателно ќе го следи и изборниот процес на 8 мај, за време на парламентарните и вториот круг претседатлски избори.

-Ние ќе ги следиме активностите до завршување на изборниот процес и доколку има настани каде би ценеле дека треба да постапуваме, ќе се дадат соодветни насоки, нагласи Бајрами.

Во Комисијата, покрај Бајрами кој е претседател, членуваат и по еден јавен обвинител од четирите виши обвинителства, како и еден обвинител од ОЈО Скопје како најголемо ЈО во државата.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО