10.8 C
Skopje
понеделник, мај 6, 2024

СДСМ СО ВОЗИЛО БЕЗ ТАБЛИЧКИ АГИТИРА ЗА ВЕЧЕРАШНИОТ МИТИНГ ВО СТРУМИЦА

ТОП ВЕСТИ





Поглед:
18


Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска рече дека активисти на СДСМ од Струмица во текот на вчерашниот ден со возило кое е без регистарски ознаки агитирале и разгласувале за денешниот митинг во Струмица.




– Продолжуваат да се однесуваат спротивно на законот заборавајќи дека тоа време помина. Покрај тоа, синоќа доцна во ноќта наместо како вистински христијани да отидат на црква, повторно нивни познат лик на струмичани и Македонија, вршел притисоци во турското маало врз нашите сограѓани. Останете луѓе и прифатете го поразот. Градот е мал, треба да продолжиме да се почитуваме и понатаму без разлика кој е на власт а кој опозиција – рече Маџунков. Тој му порача на СДСМ: Оставете го народот, тој ги избра промените!



Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО