5.8 C
Skopje
вторник, април 4, 2023

Работодавачите бараат да плаќаат само 15 дена од боледувањата

ТОП ВЕСТИ

Наместо 30 боледувањето кое паѓа на товар на работодавачот да се скрати на 15 дена. Ова е барањето на Организацијата на работодавачи за да се намалат злоупотребите од страна на работниците. Лажните боледувања се се почести, а ги има и во приватниот и во јавниот сектор, вели Димитров. Затоа во консултациите со Министерството за труд, околу новиот Закон за работни односи бараат да се внесе и ваквата одредба.


Зелено светло за кратење на боледувањето што го плаќаат газдите од министерството за труд има, но крајниот збор треба да го даде Фондот за здравствено осигурување. Во предлог законот за работни односи вметната е одредбата за докажување на боледувањето од страна на Наделжен орган. Но работодавачите бараат да се прецизира – кој ќе биде тој орган? Дали државата или самите газди?

Фондот за здравство нема податоци колку боледувања се издадени лани. Последните бројки се за 2021 та година – кога имало 3.044 боледувања до 30 дена. Но дали и колку од нив биле лажни, нема информации. Од таму само велат дека 10% од парите на фондот одат на боледување

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО