-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

„Простачко и расистичко однесување“: ДСР бара јавна осуда по навредите и инцидентот на бугарска граница

ТОП ВЕСТИ

И денес на одбележувањето на 151 годишнината од смртта на Гоце Дечлев, не се пропушти, а да не се навреди Ромскиот заедница во Македонија. На видеото што се појави низ медиумите, јасно се гледа како Бугарски граѓани и новинари на граничниот премин Деве Баир, со висок тон и недолични зборови се обраќаат кон припадниците на македонската полиција со зборовите: „САКАМ ДА ОТИДАМ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, А ВИЕ ТУКА ЦИГАНИ МИ ПРАВИТЕ ПРОБЛЕМ ДА ВЛЕЗАМ“, се наведува во реакцијата на ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ – ДСР.


-Партијата ДСР, силно го осудува ваквиот недоличен начин со простачко и расистичко однесување од страна на Бугарскиот граѓанин, но и на било кој поединец кој се обидува да ја навреди Ромска задница. Очигледно Ромите се споменувани само во лоша конотација, а во последно време тоа е се почесто. Со оглед на тоа дека во Македонија се иницира влез на Бугарите во уставот на Македонија, бараме јавна осуда на овој настан и ова однесување од страна на Љатифе Шиковска, која е пратеничка во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ. Бараме јавно да се огради од гласање на уставните измени, поради навредата која е направена кон Ромскиот народ, велат од партијата.

„Исто така, очекуваме во одбрана на своите сограѓани Роми, да застанат и Министерот за надворешни работи, г-динот Бујар Османи и премиерот г-динот Димитар Ковачевски, како и сите Ромски партии кои се во коалиција со актуелната влада, бидејќи Ромите се составен дел од оваа држава. Од ова видео јасно се гледа како Бугарскиот народ и држава ги третираат и навредуваат Ромите со ширење на национално – фашистичка омраза, за жал во XXI век“ – велат од ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО