Поглед: 3
Сирискиот режим, кој е на власт од 1963 година, а против кој во 2011 година се крена востание, по што во Сирија изби граѓанска војна, падна со губењето на контролата над престолнината Дамаск.
ДАМАСК (АА) – Режимот на партијата Баат во Сирија падна по 61 година на власт преку насилно угнетување на сирискиот народ, јавува Анадолу.
Сирискиот режим, кој е на власт од 1963 година, а против кој во 2011 година се крена востание, по што во Сирија изби граѓанска војна, падна со губењето на контролата над престолнината Дамаск.
Арапската социјалистичка партија дојде на власт во Сирија во 1963 година со државен удар. Во 1970 година, таткото на Башар ал Асад, Хафез, ја презеде контролата врз партијата изведувајќи пуч, за во 1971 година да стане претседател на државата.
Башар ал Асад ја презеде власта во 2000 година, по смртта на неговиот татко.
Власта на Асадови и партијата Баас падна со влегувањето на антирежимските сили во Дамаск.
Во текот на ноќта антирежимските сили влегоа во центарот на сирискиот главен град Дамаск, над кој режимот на Башар ал Асад изгуби контрола.
Откако претходно вечерва антирежимските вооружени групи влегоа во јужните предградија на Дамаск, режимските сили почнаа да се повлекуваат.
Антирежимските демонстранти потоа започнаа протести низ главниот град, а силите на сирискиот режим ги напуштија локациите како што се објектите на сириското Министерство за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Меѓународниот аеродром во Дамаск.
Со влегувањето на демонстрантите во просториите на стратешки важните објекти, сирискиот режим ја загуби контролата над главниот град Дамаск.
Сирија е средиште на граѓанска војна од 2011 година, а судирите повторно се интензивираа од крајот на ноември кога антирежимските групи ја презедоа контролата врз Алепо. Потоа ја презедоа контролата врз цел Идлиб, а потоа и врз Хама.
Вчера опозициските групи ја презедоа контролата и во покраината Дера на границата со Јордан. Денес, локалните опозициски групи ја презедоа контролата во јужната покраина Сувејда и во Палмира кај Хомс.
Опозициската Сириска национална армија ја спроведе операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ во округот Тел Рифат, ослободувајќи го подрачјето од терористичките елементи.