13.8 C
Skopje
среда, мај 1, 2024

Плагијаторско ДОБРО УТРО со Аматерката и PLAGIARIUS АпаШиев

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
12


Деновиве сме сведоци на уште едена „академска нечесност“ на лидерот на Левица, Апасиев.  После неуспехот што го доживеа во првиот круг од претседателските избори, неговото однесување наликува се поблиску  на комплетна  политичка неартикулираност.  Во недостиг на идеи за тоа како да настапи во остатокот од изборната кампања, а  да не биде континуитет на досегашното  нарцисоидно,  губитничко себепретставување ја „грабнува“ идејата за „Македонската платформа“! Платформата за обединување или „Македонска платформа “е промовирана на македонската јавност уште во 2019  година како идеја на  тогаш, политичкото движење „Македонски концепт“, за што постојат бројни  аудио, видео или пишани и архивирани записи. Тешко е да се подзаборави на истата бидејќи таа има континуитет  до ден, денес.


Зборувајќи за помнењето, не можам да го избегнам сеќавањето. Се поаѓа од сеќавањето, за да се дојде до помнењето. Но можеби плагијатот го сторил „ненамерно“ пропуштајќи да го наведе соодветниот извор на Македонската платформа. До некаде е подобро што се одлучил на плагијаторство  во спротивно можеше да „се изроди“ уште некоја неартикулисана идеја! Како и да е, кој и да е мотивот на Апасиев, враќајќи се наназад, истражувајќи барајќи „чаре“ за кампањата, несвесно го совладал времето, воспоставил врска со сопственото минато и грешките кои ги направил за да на крај проба да си го определи своето место во сегашноста. Но неможејќи да се избори со својата  гордост и самобендисаност и едноставно да ја поздрави идејата, тој сепак донесува заклучок дека треба да си ја присвои.



Во корелацијата меѓу спомените за сопственото минато и ,,конкретната“ вистина за некое време и за луѓето кои тоа време ги создало, за нивните историски, етички и естетски релации, поединецот
и да сака не може да учествува изолирано. Добрата и квалитетна идеја секогаш е добредојдена и корисна, доказ за тоа е конкретниот плагијат на истата од страна на Апасиев, гласниот критичар на Македонски концепт. Додека Македонски концепт пропагираше македонска – опозициска платформа за рушење на Заев од власт, Апасиев пропагираше егоизам и нарцизам, а омразата и плукањето беа насочени токму кон опозициските партии!

Всушност на истиот принцип се темелеше и кампањата за првиот круг претседателски избори! На подадена рака за да се приклучи кон обединетата  опозиција  против рушење на актуелната власт,  Апасиев повторно, како во минатото повика на рушење на опозицијата! Чудно однесување, нели!?

 

Како и да е, ИДЕЈАТА Е ЖИВА! Во овие тешки времиња за македонската државност треба да се гледа повеќе на позитивните аспекти. Всушност, претходно добро дело треба да се реупотреби со цел да се постават темелите за нов придонес . Публиката за секоја кажана или прераскажана идеја  е толку различна што објавувањето на истата работа на различни места е потребна за да се испрати потребната пораката.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО