9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Ова не е ВМРО-ДПМНЕ од 2001 г., со ДУИ ни на маса нема да седнеме, а на СДСМ ќе му се случи изборен дебакл

ТОП ВЕСТИ





Поглед:
19


Пред нас се две недели до парламентарните избори кои треба да ја определат иднината на Македонија. Во програмата Платформа 1198 има решенија за криминалот, корупцијата, функционален систем за владеење на правото, привлекување странски инвестиции, решенија за двата најгорливи проблеми здравството и образованието и многу други проекти и решенија, рече Александар Николоски, носител на листа за пратеници во изборна единица 4 на вечерашниот митинг во Гевгелија.






Николоски укажа дека нервозата е голема и расте од ден на прво кај СДСМ, па и кај ДУИ.




„За СДСМ е јасно, ќе им се случи изборен дебакл, ќе имаат еден од најслабите резултати и јасно е дека овие заминуваат во најтемните страни на историјата, а ќе посетуваат институции кои го спроведуваат владеење на правото. Втората групација е ДУИ, таму имате луѓе кои имаат заборавено како е да се биде опозиција, мислат како од Бога да им е дадено да ја уриваат македонската држава, и тие одат во опозиција“, кажа Николоски.



Николоски укажа дека кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за одговорност, ДУИ зборува за УЧК, затоа тој упати порака до нив.


„Не е ова 2001 година, ова е 2024 година. Ова ВМРО-ДПМНЕ не е тоа од 2001 година, ова е многу поразлично раководство, ниту ќе седнеме на маса со нив, а и овој претседател е многу поразличен“, кажа Николоски.


Николоски повика на масовна излезност на 8 мај за победа на ВМРО-ДПМНЕ, победа за Македонија.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО