Поглед:
15
На гласачкото место во скопската населба Тавталиџе на кое гласаше претседателот на партијата Димитар Ковачевски, СДСМ доби 170 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ 256, а на гласачкото место во Автокоманда на кое гласаше претседателот Стево Пендаровски, за сè уште актуелниот претседател гласале само 95, а за неговата противкакдидатка Гордана Силјановска Давкова гласале 327 избирачи.
Податоците за бројот на гласови по изборни единици што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) покажуваат еден поразителен податок за СДСМ, но и колку не се омилени меѓу граѓаните луѓето што беа на највисоките позиции во државата – претседателот на СДСМ и доскорешен премиер, Димитар Ковачевски и сè уште актуелниот претседател на државата, Стево Пендаровски.
Ако се споредат гласовите што ги добија во нивните избирачки места, во населбите каде што живеат, ќе се види дека тие и таму се поразени. Односно, дека на доскорешниот премиер и на сè уште актуелниот претседател не им веруваат ни нивните соседи.
Слично помина и сè уште актуелниот претседател Стево Пендаровски на гласачкото место 2489 во населбата Автокоманда. На ова гласачко место Пендаровски доби само 95 гласа, наспроти 372 гласа за неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова.