6.8 C
Skopje
недела, мај 5, 2024

Министерката БИСЕРА Костадиновска ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

ТОП ВЕСТИ





Поглед:
13


Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник во изборна единица 1 во настап на ТВ Алфа посочи дека корупцијата и криминалот се во пораст во Македонија поради несправувањето со истите од страна на актуелната власт.


А, поради тоа од Македонија се иселуваат многу млади луѓе кои што финансиски се многу добри и се наоѓаат на добри работни позиции. Корупцијата, криминалот и нефункционалниот систем пресудија на многу граѓани за да си заминат од Македонија.



„Според мене минситерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска треба да одговара и за Универзалната, Тренчевска треба да одговара за злоупотребите што ги произнесе нашиот министер Ѓоко во однос на онаа мерка што се давала како социјална помош и каде што има штети од над два ипол милиони евра. Заради тоа што после 30.06.2022 таа мерка требало да престане, но ја продолжиле.





Исто така ќе одговара и за мерките за пензионерите што даваа финансиска помош сега пред избори, имаше давано пари и на пензионери кои што не влегуваа во тие групи како социјално ранливи. Имаат за многу што да одговараат“, таа нагласи.


Таа посочи дека на овие избори СДС ќе изгуби многу, граѓаните одлучија да ги казнат за штетните политики.

„Ние си кажавме јасно и гласно дека борба со сива економија ни е една од клучните работи“, укажа Димитриеска Кочоска.

„Имаме формирано тело во кое што ќе учествува министерот за внатрешни работи со министерот за финансии и тука ќе се и организациони тела како УЈП, Царина, Финансиска полиција, Управа за перење пари и организиран криминал. Ќе имаат чести состаноци на кои што ќе ги следат јавните набавки, трансфер на пари итн. И тоа се со цел да ја сведеме корупцијата на нула“, порача таа говорејќи што идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се со цел корупцијата во Македонија да се сведе на нула.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО