18.8 C
Skopje
недела, јуни 16, 2024

Македонски Концепт во Украина на меѓународен мировен форум на покана на администрацијата на Претседателот Володимир Зеленски

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
2


СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА


15 Јуни 2024 ГОДИНА


Македонски Концепт во Украина на меѓународен мировен форум на покана на администрацијата на Претседателот Володимир Зеленски



Политичката партија Македонски Концепт со делегација претставена од Претседателот Петар Богојески и Потпретседателот и лидер на Дипломатското Јадро Самуел Наумовски Вицкиус на покана од страна на администрацијата на претседателот Володимир Зеленски, зема учество на респектабилниот Форум за Безбедност на Црното Море 2024 ( Black Sea Security Forum ).




За Форумот:

Форумот за Безбедност на Црното Море служи како клучна платформа за дијалог, соработка и стратешко планирање за безбедноста и стабилноста на регионот на Црното Море. Обединува креатори на политики, експерти и заинтересирани страни за да се адресираат најтешките предизвици и да се продлабочи соработката за заедничка корист на регионот.

Клучни Иницијатори:

Иницијативата е предводена од истакнати парламентарни лидери на Украина, вклучувајќи ги: Олекси ГончаренкоИвана Климпуш-ЦинцадзеОлександр МережкоКира РудикВадим Халајчук и Арсениј Пушкаренко како и исклучителните, Полковник Ричард Кемп, Генерал Весли Кларк – бивши Врховен командант на НАТО, 28миот Премиер на Австралија Х.Е. Тони Абботт, Директорката на CEPA г-ѓа Кетрин Сендак и одразува заеднички напор кон адресирање на заедничките предизвици вклучително и промоција на меѓусебните интереси во регионот на Црното Море.

Дневен Ред:

Дневниот ред на Форумот за Безбедност на Црното Море 2024 опфаќа дискусија на разновидни теми кои се критични за регионалната безбедност и иден просперитет, вклучувајќи ги, но не и ограничени на:

  • Предизвиците во регионот за безбедност
  • Економски развој и трговија
  • НАТО интеграција и интеграција во ЕУ
  • Стратешки партнерства

 

Активности:

Како претставници на Македонска Концепт, Петар Богојески и Самуел Наумовски земаа активно учество презентирајќи ги националните интереси на Република Македонија во овие области, а кои се во прилог на Македонската Кауза, со цел зголемување и продлабочување на соработката на Република Македонија со Република Украина, Европската Унија, НАТО и Америка и адресирање на заедничките предизвици во регионот на Црното Море и Европа. Нивното присуство го одразува стремежот на политичката партијата Македонски Концепт за мир, стабилност, просперитет на Обединета Европа.

Заклучок:

Форумот за Безбедност на Црното Море 2024 претставува неоценлива можност на засегнатите и заинтересираните страни да се обединат, да разменат перспективи и да го дискутираат проблемот поврзан со прашањето со Бугарија како Црно-Морска Земја, како земја која има директно влијание врз Македонските Евро-интегразии и која носи последици за Европа и регионот. Со активното учество на Претседателот Петар Богојески и Потпретседателот Самуел Наумовски Вицкиус и сите уважени учесници, се очекуваат плодни и конкретни резултати кои ќе бидат од корист за Македонската Кауза, за сите учесници на Форумот, вклучително и за Република Македонија и за Република Украина.

За сите прашања или за дополнителни информации, контактирајте ги организаторите од Дипломатското Јадро на партијата на: diplomacy@makedonskiconcept.mk

Со почит,

Центар за kомуникации и aнализа на Македонски Концепт

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО