Поглед:
1
Политичката партија Македонски Концепт во рамки на најновите изјави на политички дилетанти од типот на квази-политичката партија Левица и претседателски кандидати од типот на Билјана Ванковска, а во врска со политиканството и небулозните изјави поврзани со лажното ветување за напуштање на НАТО Алијансата со цел да се добие некој политички поен, водени од нивната катастрофална подршка, која впрочем оправдано и секојдневно опаѓа од страна на граѓаните.
Македонски Концепт е уверена дека овие луѓе немаат никакво познавање од гео-политика и гео-стратегија.
„Македонски Концепт стои цврсто на ставот дека, НАТО Алијансата е клучна за безбедноста и стабилноста на Република Македонија, особено поради нашата гео-стратешка и гео-политичка поставеност, и опасно е да се пролиферуваат било какви ставови или политиканства во врска со напуштање на истата, секој оној кој е со ставот дека Република Македонија треба да ја напушти НАТО Алијансата е или недволоно образован или несвесен за тоа каде Република Македонија се наоѓа на картата од светот, останатите подржувачи на ваквите ставови имаат за цел да ја замајуваат јавноста и да ја дестабилизираат Република Македонија!“, се вели во партиската реакција.
Македонски Концепт исто така тврди дека оваа Влада е целосно неспособна, некадарна и несвесна во односите со НАТО Алијансата, Република Македонија на чело со оваа криминално-корумпирана Влада не успеа да искористи ниту еден суштински механизам, ниту економски, ниту безбедносен, ниту политички за да ги подобри позициите во преговорите со Европскатра Унија со помош на НАТО Алијансата.
НАТО, вели Македонски концепт, е главан гарантор за безбедноста на Република Македонија, а Влада која е компетентна и стручна, може и треба, да донесе огромни придобивки како за подобрување на безбедноста и стандардот на животот на граѓаните, така и за зачувување и зајакнување на државните и националните интереси на Република Македонија!