Поглед:
1
Британското Министерство за надворешни работи ги советуваше своите граѓани да не патуваат во окупираниот Западен Брег и Газа и некои делови на Израел поради „можен ирански напад“.
Ова предупредување на Министерството, вклучува препорака да не се патува на либанско-сириската граница во северен Израел, регионот околу Појасот Газа и окупираниот палестински Западен Брег и Газа.
Источен Ерусалим и автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, заедно со другите делови на Израел, освен одредените области, се наведени меѓу областите „каде што не се препорачува да се патува освен ако е апсолутно неопходно“.
Во предупредувањето се истакнува дека влегувањето во Газа по море, дури и со флота хуманитарна помош, носи ризици и дека постои можност Иран да изврши напад врз Израел