Поглед:
9
Нужно е на овие избори македонските граѓани да донесат МУДРА одлука. Никако не смее да се дозволи малкумина да одлучуваат за иднината на сите граѓани. НЕ гласањето никако нема да значи некакво си казнување на политичарите, напротив тоа е награда за нив бидејќи истото е веќе земето предвид при предизборните пресметки. За да им се „поматат“ сметките и да не го добијат посакуваното равенство, потребно е да им се вметне уште една „непозната“- апстинентите кои масовно ќе излезат на гласање.
Сите неопределени и апстиненти мора да разберат дека ако нема масовна излезеностст на гласање ќе се случи една шестина или петтина од гласачкото тело, да ја определи иднината на останатото мнозинство од граѓаните на земјата. Тоа не би требало да си го дозволиме.
На изборите за претседател на државата што ќе се одржат на 24 април право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи. Сега граѓаните треба да изберат на кого ќе му го дадат својот глас или уште поточно, на која политичка опција или кандидат, ќе му отстпат нивното суверено право тие, или тој, да управува со ресурсите на државата кои се во сопственост на граѓаните. Само со максимална излезеност може да се побијат сите оние теории како на пример „западот ни бира власт“ или „ Калето ни бира претседател“. Никој неможе да избира во име на македонските граѓани ама доколку истите имаат морална обврска кон правото на избор. Нужноста за масовна излезност на овие избори произлегува од фактот што моменталната состојба на државата е загрижувачка како никогаш до сега. На секое поле, во секоја област и по секоја основа државата е „зарибана“. Одговорноста е на секој од нас. И на тие што гласале и избрале лоши владетели но исто така и на тие што апстинирале и го дозволиле тоа. Молчењето најчесто значи и согласување.
До секој од нас е! Гласањето е Одговор на минатото и морална обврска за иднината! Излезете гласајте и одговорете им на политичарите со тоа сте ја завршиле Вашата обврска за креирање на иднината.