Поглед:
13
Филипче, Заеви, Лукаревска, Богоев…Кој сè земал торби полни евра и средувал проценти според црниот тефтер на Бојан Јовановски
Шоуменот Бојан Јовановски, кој заглави судските ходници, па во затвор за случајот „Рекет“ со фамозната „луј витон“ торба и поради организацијата „Меѓународен сојуз“, во поткастот „Лазаров“ пет часа зборуваше за функционерите и јавни лица кои биле вмешани во криминали, на кои тој бил сведок.
Од црното тефтерче на Боки во неговата исповед излегоа имињата на семејството Заеви, особено браќата Зоран и Вице, нивниот добар пријател политичарот Венко Филипче, некогашната обвинителка Вилма Русковска, потпретседателите на СДСМ Стефан Богоев и Сања Лукаревска, новинарите Сашо Ордановски и Борјан Јовановски итн итн. Венко Филипче кај мене дома се дрзна да преговара за милионски бизниси, сакаа да продаваат болница со Јордан Камчев. Преговараа за продажба на болницата и Филипче, како тогашен министер за здравство си побара колку пари треба за него и Заев, вели Јовановски.
Тој ја спомена и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е носител на листа за СДСМ, за која вели уште молчи за скандалот од 800.000 евра за РЕК Битола во кој е вмешана.
Јас бев сведок кога Силјан Мицевски во мојата канцеларија во 1ТВ му даде полн коверт со евра на Александар Кирацовски, зборува Боки во врска со далаверите во РЕК Битола.