7.8 C
Skopje
недела, април 21, 2024

ДОБРО УТРО со Аматерката и подадена рака за НАЦИОНАЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
3



пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет


Светиот апостол Павле вели: “Коренот на сите зла е среброљубието” (1. Тим. б,10)затоа од него произлегуваат омразата, кражбите, зависта, разделбите, збрканоста, покоста, жестокото срце и убиствата.


На кого му пречи национално обединување? Што се крие зад оние кои се против помирување, оние кои несакаат по никоја цена да се ослободат од омразата и зависта ? Дали можеби проблемот е во немањето на чувство за припадност кон нацијата и  Татковината ?!  Или можеби и двете?!


Македонија страда од среброљубци. Оние кои повикуваат на обединување за спас на Татковината и нацијата се жестоко нападнати  и исмевани од  оние на кои среброљубието им е приоритетно.  Бесот на среброљубието ги напаѓа несреброљубивите, и кога не може да ги победи, тогаш им ги претставува сиромасите, кои живеат од милосрдноста на другите. Преку тоа настојува пак да станат земни и среброљубиви.  За жал, таква е моменталната ситоација во државава. ВЛАСТ ЗАСНОВАНА НА СРЕБРОЉУБИЕ! Галопирачки итаат кон целта за зачувување на моменталниот комодитет, заслепени од лични интереси без нималку грижа за зачувување на националниот идентитет, без трошка срам за распродавањето на националните интереси и осиромашување и обезличување на сопствениот народ. „Живи луѓе ќе јадеа“ и навистина живи ги изгореа! За живот за сите пропагираа, си овозможија само за себе удобен и подобар живот! Па следуваше „едно општество за сите“ за да ни се случи општество само за ДУИ и нивните послушници. И покрај се бесрамно итаат кон целта! Но не се сами во сето ова и затоа успеваат да ја продлабочат кризата уште повеќе.



Тука се таканаречените „опозиционери“ како Максо и Димче да им помогнат. Едниот да им ги собере оние „освестените или прогледаните“ за да не завршат на контото на вистинската опозиција, а другиот да глуми „револуционер“ и да потсетува  на „носталгичниот –  социјалистички“ систем како најдобарото нешто што им се случило на македонскиот народ. Секој од нив си работи според претходно предвидениот план. Првиот, Максо, со блага реторика и напади насочени и кон власта и кон опозицијата, да се прикаже како спасител и поразличен.

Другиов, Димче  некогаш „шарен“, а сега само „револуционер“,  строго напади само кон опозицијата и „хранење“ на зависта, омразата и збрканоста. Пласирање на „големата лага“ за поинаквов систем налик на Северна Кореа, и поклон до земја на Енвер Оџа за да им се допадне на Али Ахмети и ДУИ.

И сето ова во време кога власта може да се порази токму со НАЦИОНАЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ!  На подадената рака од опозицијата и повикот за обединување Димитар Апасие одговори: „Не верувајте им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци. Термометарот на ЖЕСТОКОСТА во критиката не смее да се спушти ниту за степен!“  Овој негов одговор го потврдува петходното. Димче си одработува конкретна задача. Плашејки се дека голем дел од неговите симпатизери ќе ја препознаат нужноста за обединување тој ИМ НАРЕДИ уште пожестоко да ја критикуваат опозицијата наспроти благата критика кон власта особено кон ДУИ. Целта – среброљубие! Или тој во власта или нека ја нема Македонија! Во влада по секоја цена!

Но Димче едно заборава, Македонија изодела трнлив и пеколен пат, опстојала,  ја имало и ќе ја има и со него и без него. Македонскиот народ е мудар и нема така лесно да го „помине жеден преку вода“! Македонскиот народ знае за тендерите со главните финансиери на ДУИ и директорите на Левица во Јавните претпријатија во Град Скопје. Македонскиот народ знае за „побратимлукот“ во општинските совети со СДС и ДУИ. И токму поради тоа македонскиот народ го препознава повикот за национално обединување, колку и да ги „одвраќа“ Димче од намерата тие природно ќе се обединат и без неговата волја. Народот препознава дека повикот за обединување токму кон овие двајца лидери значи шанса за победа на СТРАСТА на СРЕБРОЉУБИЕТО! Подадена рака и шанса за ОСЛОБОДУВАЊЕ од сите грижи кои ги измачуваат заради среброљубие бидејќи оној што ја победил страста на среброљубието, тој се ослобидил од сите грижи; а кој се врзал со неа, него секогаш ќе го измачуваат грижите и тој никогаш не ќе може да се помоли чисто. На овие ликови им е потребна помош за да се ослободат од ова зло. Таа помош само народот може да им ја пружи на денот на изборите со тоа што природно ќе се обединат со цел да си ја СПАСАТ  НАЦИЈАТА, а нив да ги ослободат од ропството во себе,  наречено среброљубие.

„Како што оние што го менуваат своето злато за глина претрпуваат голема загуба, така и оние, заради придобивање на телесните удобности – ги објавуваат и разгласуваат своите духовни успеси, – претрпуваат голема загуба“ (Добротољубие, Т2, Скопје 1997, стр: 521-523)

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО